ОПИС

АКО СИ ЗА АВАНТУРА И ВОЗБУДЛИВИ ИСКУСТВА, ТОГАШ АВТОКАМПОТ ЛИВАДИШТА Е ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА ТЕБЕ!

Автокампот „Ливадишта“ е лоциран во срцето на Охридско-струшката долина, на самиот брег на Охридското Езеро, опкружен со прекрасна недопрена борова шума и најбистрите води на Охридското Езеро. Автокампот е атрактивен за љубителите на сите видови авантури, затоа што нуди многу начини и можности да го задоволите својот адреналински апетит. Таму својот спокој можат да го најдат и оние кои сакаат да уживаат релаксирано и опуштено. Сето ова го прави автокампот “Ливадишта” совршено место за нови возбудливи искуства во отворена природа.

 

На површина од 55.000 квадратни метри, автокампот располага со 1,5-километарска плажа, со 14 обновени бунгалови, 30 приколки, целосно опремена инфраструктура за приколки, шатори и трајлери, со неколку вида спортски игралишта, како и два ресторана.

Пгледнете видео: https://www.youtube.com/watch?v=BF7x3CqjDBg

Ценовник: https://elemturs.mk/wp-content/uploads/2018/07/Cenovnik_2018_2019.pdf

Информации на телефон: + 389 71 392 127

Цена

  • Цело сместување:

    од 600 до 1500 денари ( бунгалов до 4 лица )

  • Цело сместување:

    од 250 до 600 денари ( камп приколка до 3 лица )

Број на соби

  • 14 бунгалови и 30 камп приколки

Контакт

Локација

Рејтинг

0
0 рејтинг
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

Сѐ уште нема коментари.

Биди прв што ќе го оцени “Автокамп Ливадишта”