ОПИС

Хотелскиот комплекс „Манастир“, е основан во 2004 година, со изградбата на првото хотелско крило, ресторанот и ресторанската тераса. Денес располага со уште две хотелски крила, во чии што состав влегуваат 30 соби, сала за семинари, ВИП салон, СПА содржини, две летни тераси, „чардак“, спортски терени и детско игралиште и надгледуван паркинг простор. Идејата за развивање на алтернативниот туризам во приказната за „Манстир“ е мисла водителка. Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, сите овие елементи „Манстир“ многу вешто ги спакува и вклучи во својата понуда. Она што ние им го нудиме на нашите гости е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција…, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура. Со почитта кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши вонвременската убавина на градбата успеваме да постигнеме беспрекорна хармонија меѓу вековното и ново-создаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера.

Хотелскиот комплекс Манастир располага со три хотелски крила, СПА содржини, сала за семинари, две летни тераси, „чардак“, терен за тенис, мултифункционален терен за кошарка, фудбал и одбојка, детско игралиште и надгледуван паркинг простор. Со нашата понуда на СПА содржини: џакузи, сауна, парна бања и масажи кои ги спроведува професионален физиотерапевт, ќе можете да се релаксирате по напорното секојдневие или по зголемената физичка и спортска активност како што се пешачење, планинарење, велосипедизам, трчање да ги опуштите мускулите на телото, но и оние на кои им е потребна медицинска масажа и вежби, за третман на повреда, оток, пред и по оперативен зафат, по симнување на лонгета или гипс, со сигурност ќе се чуствуваат подобро.

IMG_4926_xlХотел Манастир располага со 6 стандард соби, 2 соседни стандард соби, 6 студиа, 8 супериор соби, 3 двособни апартмани, 3 супериор апартмани и 2 двособни супериор апартмани , со располагање на вкупно 70 легла. Сепак при полна негова искористеност, хотелот може да прими 90 лица. Сместувачкиот капацитет, е одлика на „модерното“, од причина што такво е побарувањето на денешниот современ турист, кој има потреба од удобност и конфор.Сите соби се опремени со директна телефонска линија, мини бар, LCD-TV со кабловска, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно истите, со исклучок на неколку, имаат и тераса со неповторлив поглед. Апартманите и собите немаат клима – уреди поради тоа што климатските услови се такви што воопшто нема никаква потреба од истите. Овде можете да уживате во пријатната дневна температура и во текот на летото кога во останатите делови од државата владеат неподносливо високи температури, додека пак ноќите се свежи и предусловуваат вистински одмор и сон. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење .

Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици, но исто така и за поклониците на ловот и риболовот, а и кајакарите на мирни води токму овде ќе го пронајдат она по што трагале. Во денешниот свет на висока технологија и интензивен брз, динамичен начин на живот, на сите нас ни е потребно да ја обновиме нашата животна енергија, а „Манстир“ и еко-туризмот се вистински избор кон таа цел. Погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=VUQ4FcNc_nI

Цена

  • По лице:

    од 1040 денари (со вклучен појадок)

Број на соби

  • 30

Контакт

Локација

Рејтинг

5
3 ratings
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

    Маре

    Локација 5
    Услуга 5
    Општа оцена 5

    Verica

    Prekrasen hotel ❤️

    Тино

    👍

Оценка