ОПИС

СОЗДАВАМЕ ВРЕДНОСТИ КОИ НИКОГАШ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ!

Ски – центарот „Копанки“ на површина од 5,36 хектари располага со ски – патеки во должина од 1,3 километри, со вкупен капацитет од 1.133 скијачи на час. Совршен е за алпинистички искачувања до врвовите и егзибиции со сноуборд, тури со велосипед по планинските патеки, прошетки со водич низ недопрената природа, историските патеки и локации, за еко-екскурзии низ Националниот парк „Пелистер“, посета на познатите глацијални езера Пелистерски Очи, како и за прошетка низ Битола. Тоа значи дека нашиот национален бисер е навистина атрактивна дестинација во текот на целата година.

Хотел “Молика” е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.

Во склоп на хотел “Молика” функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
* Капацитети

Хотелот “Молика” претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.

Хотелот “Молика” располага со капацитет од 110 легла во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби и апартмани, кои се на база на полу и полн пансион. Лоциран на 1.420 метри надморска височина, на само 17 километри оддалеченост од Битола и опколен со раскошна моликова шума, хотелот нуди поглед кон пределите во околината кој го одзема здивот.

Располага со 57 соби од кои :

три апартмани, три трокреветни соби и останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.
Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :

– ресторанска сала со капацитет од 170 седишта
– две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници
– банкет сала со 15 – 20 седишта, како и
– летна тераса со 80 седишта

Проверете го ценовникот: https://elemturs.mk/wp-content/uploads/2018/07/Cenovnik_2018_2019.pdf

 

Цена

  • По лице:

    од 600 денари ( дневен престој )

  • По лице:

    од 1040 денари ( ноќевање со вклучен појадок )
    мај, јуни, септември, октомври и ноември

  • По лице:

    од 1100 денари ( ноќевање со вклучен појадок )
    декември, јануари и февруари

  • По лице:

    од 860 денари ( ноќевање со вклучен појадок )
    март и април

  • По лице:

    од 1170 денари ( ноќевање со вклучен појадок )
    јули и август

Број на соби

  • 57

Контакт

Локација

Рејтинг

5
2 ratings
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

    Ivan

    👌👌👌

    Марија

    Најубавиот хотел на Пелистер

Оценка