ОПИС

Конак

Претставува современ планински објект базиран на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. Поволна географска положба релативно блиско од Тетово 18 км и Скопје 55 км главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број туристи, како во летната, така и во зимската скијачка сезона.Посебно задоволство ќе Ви даде внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради голем број на сончеви денови кои се главна карактеристика на ски центарот Попова Шапка.

Ресторан

Ресторанот воодушевува со својот извонреден ентериер изработен од дрво и камен. Врвна услуга, прекрасната амбиент исклучително добра храна и поволни цени овозможуваат да поминете незаборавни мигови во нашиот ресторан. Ресторанот се наоѓа на првиот кат од објектот и располага со внатрешна сала со капацитет од 50 гости и надворешна летна тераса со капацитет од 100 гости. Повелете на доручек, ручек или вечера во топол амбиент каде мирисот и вкусот создаваат магија.

Ски кафе

Ски кафето во склоп на “Конак” изминатите 11 години работи во текот на целата година и со право го добива написот најубаво место на Скијачкиот центар Попова Шапка. Преку ден може да се опуштите во топол амбиент со широк асортиман на топли пијалаци и реставративни пијалоци или да престојувате на сончева тераса која има јужна ориентација со отворен поглед кон скијачките терени и целосен преглед на најзначајните ски терени “Церипашина”.

Кога и да го посетите Попова Шапка “Конак” е тука за вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се дека сме најскапото место на Попова Шапка.

Сместување

Хотелскиот дел го сочинуваат 12 соби со сопствена кујна опремени со удобни кревети кои обезбедуваат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чувствувате релаксирани и полни. Во рамките на хотелскиот дел се наоѓа и сауна која е на располагање на гостите.

Ориентацијата на собите е јужна со отворен поглед кон скијачките терени на Попова Шапка.

Самата местоположба на објектот на скијачките терени нуди можност за брз и лесен пристап до самите терени.

Било да сте љубител на скијање, природата или едноставно сакате да уживате во Попова Шапка во “Конак” секогаш ќе ве пречекаат прими и добри домаќини.

Ве покануваме да го поминете вашиот одмор или викенд во “Конак”.

Цена

  • По лице:

    од 1240 денари ( со вклучен појадок )

  • По лице:

    од 740 денари ( со вклучен појадок ) во соба со заеднички тоалет

Број на соби

  • 6

Контакт

Локација

Рејтинг

5
3 ratings
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

    Andrej

    Prijatna atmosfera i ljubezen personal 👍

    Katerina

    Konakot e super za odmor i uzivanje, specijalitetite vo restoranot se isto super, ima za secij vkus. Se vkupno – Ubavina i cist vozduh

    Васко

    Идеално место за одмор со фамилија

Оценка