ОПИС

Вила Осоговска Куќа се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина. Оддалечена е 12 км од Кочани и 8 км од туристичкиот центар Пониква. Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква.

Вилата Осоговска Куќа има капацитет од 8-10 особи и располага со три спални соби, тоалет, купатило, апартман со посебно купатило и тоалет, голема дневна со камин, трпезарија, комплетно опремена кујна, фурна, скара, вршник, веранда и дворно место од 2000 метри квадратни.

Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини.

Храната во вилата Осоговска Куќа можете сами да ја подготвите или по ваша желба да биде припремена од наша страна. А бидејќи сликата вреди илјада збора разгледајте ја нашата фото галерија и повелете посетете не за да уживате во убавините на недопрената природа.

Повелете во натоплата планинска куќа и уживате во комфорот што Ви го овозможува “Осоговска куќа”.

Цена

  • Цело сместување:

    од 1600 денари ( за 2 лица со вклучен појадок )
    од 1200 денари ( за 2 лица со вклучен појадок на подолго од 2 дена )
    - за дете се доплаќа само појадок

Број на соби

  • 3 соби и 1 апартман

Контакт

Локација

Рејтинг

5
3 ratings
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

    Maja

    Prekrasno mesto vo sumicka na priroda, i restoran so mnogu vkusna hrana. ❤️

    Тино

    Е тука се доаѓа за уживање!

    Биби

    Редовно ја посетуваме Осоговска куќа и на сите ја фалам. Имаат многу добро јадење буквално за сите вкусови, а локацијата е навистина за одмор

Оценка