Занимливости

За најхрабрите авантуристи: 5 луди тури што се екстремно опасни

avanturisticko-kampuvanje

Секоја година, илјадници луѓе патуваат низ светот и закажуваат тури што нудат возбудливи и застрашувачки искуства, многу често несвесни за опасностите со кои се соочуваат. Кога помислуваме на водени тури, најчесто помислуваме на забава и информативно искуство. Но она што повеќето од нас не го ни помислуваат е ситуација опасна по живот. Постојат многу луди туристички компании кои нудат навистина уникатни искуства, а ова се некои од поопасните.

1. Екскурзија во исклучената зона на Чернобил

Една од најголемите и најпознатите нуклеарни катастрофи се случи во Нуклеарната станица Чернобил лоцирана во северна Украина, на 26-ти април 1986-та година. Денес исклучената зона на Чернобил е одлично место за туристите да почувствуваат како би изгледал светот по апокалипса. Но, овој регион не е безбеден и не се знае колку долго ќе биде опасно. Со текот на времето, нивото на радијација се намалило доволно за да се дозволат неколку водени тури.

Сепак, има многу забранети активности како пушење, јадење или пиење на отворено. Исто така не смеете да ги допирате зградите, растенијата и дрвата. И потребно е да носите облека која покрива што е можно повеќе од вашето тело

2. Тури со молњи

Молњите се едни од најубавите нешта што може да ни ги покаже природата. Но молњите што ги гледаме ние се речиси ништо во споредба со оние во Венецуела. Местото каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо се смета за главен град на молњите и за дом на вечната бура. Овде можете да најдете тури што ќе ве однесат да ги посетите локалните села, на ноќно сафари и најважно – ќе ги видите молњите .

Оваа тура ве носи во срцето на настанот – градот Маракабио има и над 1.000 молњи во еден час. Сепак, ова не е единствениот феномен што ќе го најдете овде. Жителите се запознаени со урагани и торнада. Бурите се силни и можат да ја променат насоката во помалку од минута.

3. Кајакарење со нилски коњи, крокодили и ајкули

Секој сака да му се доближи на дивиот свет, но кајакарењето со животни што можат да ве убијат не е желба на секого. Во Јужна Африка можете да го направите ова, и тие што го пробале го опишуваат искуството како одличен начин да ѝ се доближете на природата.

Ова не е тура за оние кои сакаат мирна средба со природата и воопшто не е безбедна. Потребно е постојано да бидете внимателни и никако да не влегувате во водата. Изненадувачки е што и луѓето без искуство можат да ја пробаат турата.

4. Бординг на вулкан

Вулканите се и онака страшни, но замислете да се спуштите со сноуборд од вулкан. И ова се смета за екстремен спорт кој е измислен од еден Австралијанец во 2004-та година.

Најмладиот вулкан во Централна Америка последен пат еруптирал во 1999-та година и е најпопуларното место за овој спорт. Но за ова ви е потребна издржливост. Ќе се искачувате цел час на температура од 32 степени Целзиусови и ќе минувате низ сулфур и кратери кои ќе ве потсетуваат дека вулканот може да еруптира во секој момент. Штом ќе стигнете на врвот, ќе добиете дрвена штица засилена со метал и портокалов комбинезон за заштита. Ова сигурно ќе ви биде најдоброто возење во животот.

5. Банџи скокање над река со крокодили

Банџи скокањето е навистина популарен екстремен спорт, но добива сосема нова димензија кога треба да скокнете од 111 метри и да се соочите со крокодили. Помеѓу Зимбабве и Забија на мостот на водопадите Викторија, можете да го искусите токму ова. Сепак, несреќа може да им се случи дури и на најдобро подготвените.