На 2-ри Август сите патишта водат кон Крушево. Нема посоодветно место за одбележување на Денот на Републиката, како и на верскиот празник Илинден.
Во Крушево за Илинден традиционално ќе пристигнат и коњаниците од Илинденскиот марш кои пред 3 дена тргнаа од Општина Аеродром.
Пред точно 115 години во ноќта спроти Илинден, 800 востаници го ослободија Крушево од отоманскиот окупатор. Два дена подоцна Никола Карев ја прогласи Крушевската република и стана нејзин претседател. Републиката траеше само 10 дена, но нејзиното значење во македонската историја е огромно.
Чeтириесет и една година по Илинденското востание, на 2ри августи 1945 година, во манастирот св. Прохор Пчински се одржа заседанието на АСНОМ. На него 115 делегади го удрија темелот на современата македонска држава во склоп на СФРЈ
Убавините на Крушево
Амфитеатралното поставено Крушево дава инзвонредни можности како за летен, уште повеќе за зимски туризам со инзвонредни можности за лов на крупен дивеч.
Највисокото гратче на Балканскиот Полуостров се наоѓа токму во Македонија. Во лулката на Баба планина на надморска висина од 1350 метри е сместен градот музеј, Крушево. Овој град е обиколен од три страни со букови и борови шуми и е најстар град во Македонија.
Архитектурата на Крушевската куќа значително и во многу елементи се разликува од оние во другите македонски градови. Фасадите обоени со бело-сина или жолто-бела боја, со многу прозорци, издадени балкони, пространи чардаци, мусандри, поплочени тремови и тешки дрвени порти. Тие куќи со својата местоположба и можностите создаваат еден вид на нова карактеристична архитектура.
Во средбата со крушевската куќа никој не може да остане рамнодушен. Крушевската куќа сведочи за високиот станбен стандард на крушевчани, нивните високи практични и естетски вредности, долгата традиција на културата на живеење, навиките, обичаите.
Фасадите се најатрактивниот дел на крушевските куќи. Најзначајни и најатрактивни естетски елементи на фасадите се балконите, еркерите и тимпаноните. Балконите се наоѓаат на главните фасади на првиот и вториот кат, тие се оградени со декоративни огради од ковано железо.
Иако е еден од помалите градови во Македонија сепак изобилува со интересни места и знаменитости. Ви препорачуваме да го посетите центарот на градот со старата чаршија и со автентичните занаетчиски работилници и кафеани. Освен изложбата „Крушевска Одаја” ( која се одржува во тек на прославите поврзани со „Илинден”), Крушево е богато и со споменици, манастири и излетнички места кои вреди се видат.
Локалитети кои мора да ги посетите :
- Музеј на Илинденското востание
- Mузеј на НОB
- Спомен куќа на Тоше Проески
- Леарницата
- Мечкин Камен – Споменик на паднатите борци
- Галерија Мартиновски
- Вештачко езеро Крушево
Ако нешто треба да се осети и види – тоа е Крушево. Прекрасна староградска архитектура која Ве остава без здив, пријателски настроениот народ, a природата и планинскиот воздух го прават ова градче меѓу најчистите градови кај нас.
Го резервиравте ли Вашиот престој за Илинден во Крушево? За да најдете сместување, кликнете ТУКА