Дали понекогаш само сакате да ги спакувате вашите куфери и да отпатувате негде, па макар и само на неколку денови?
Во оваа желба често ве спречува недостатокот од време, бројните обврски, но најмногу цената на патувањата. Но, доколку добро го испланирате патувањето, можете да го вклопите буџетот што ви одговора, а за тоа ви се потребни само малку време и труд. За таа цел ќе ви се најдат следниве едноставни трикови.
1. Проверете ги цените на билетите за одредени датуми
Доколку се одлучите за датум кој не е во сезона на патувања, голема е веројатноста да најдете навистина поволен авионски билет. Доколку имате флексибилен датум за патувањето, проверете ги понудите од авионските компании и одбере ја најевтината опција за датумот со најниска цена. На овој начин можете да заштедите многу.
2. Прилагодете го сместувањето со буџетот
Доколку патувате со друштво, нема потреба сите да бидете во посебна соба и да плаќате многу. Наместо тоа, изнајмете соба во хостел која е многу поевтина, или најдете заеднички апартман. Покрај тоа што ќе заштедите, сигурно и добро ќе се забавувате. Исто така, веб-сајтовите за резервации често имаат разни попусти, па редовно следете ги понудите и начекајте ја најдобрата.
3. Заштедете на храна
Важно е да најдете сместување со појадок, бидејќи на крај тоа ќе биде најевтината опција. За останатите оброци бидете практични. Купувајте намирници од маркет и сами подготвувајте ги оброците, или побарајте некој евтин ресторан.
4. Самите организирајте го патувањето
Агенциите можеби нудат одлични аранжмани, но често со многу повисока цена. Доколку самите го организирате истото патување, ќе платите многу помалку. Па, затоа одвојте време, разгледајте ги понудените сместувања и самите режирајте го вашето патување. Апартмани.мк има понуда од над 500 сместувања низ цела Македонија, изберете го Вашето идеално сместување и резервирајте директно кај сопствениците, без никакви агенциски провизии.