Маврово: мистично место кое задолжително го посетуваме секоја зима
Маврово: мистично место кое задолжително го посетуваме секоја зима
Националниот парк Маврово се простира на 72.204 хектари површина околу истоименото езеро на северозападот на нашата држава. Ги опфаќа планините Кораб, Дешат, дел од Шар Планина, Бистра и делови од Крчин. Најниската точка на паркот е сместена на 600 метри надморска височина, додека највисокиот врв – Голем Кораб се издига на 2.764 метри.
И иако Маврово е заштитено уште од 1948-та година и е најголем од трите национални паркови во нашата држава, локалните власти имаат во план за во рамките на паркот да изградат неколку хидроелектрани, желба којашто наиде на протест од страна на локалното население, но и Светската организација за заштита на природата WWF, бидејќи со нивната изградба би можела да се наруши природната рамнотежа на ова подрачје.
Маврово има прекрасни букови шуми во коишто живеат 60 ендемски видови на билки, 140 видови на птици, како што се сивиот сокол и орелот крсташ, 30-на видови на цицачи како што се дивокозите и дивите мачки, но и влекачи и водоземци.
Љубителите на животните може да се уптатат и кон сафари паркот Бунец којшто се простира на 430 хектари, а се смета за европски репродуктивен центар на елените. Тој ви нуди да уживате во глетката кон овие прекрасни животни во нивното природно опкружување.
Од Националниот парк секако не може да си отидете без да го посетите и манастирот свети Јован Бигорски, којшто лежи на падините на планината Бистра во близина на реката Радика, а изграден е дури пред 1000 години. Еден од куриозитетите во Маврово е и црквата св. Никола којашто е изградена во 1857-та година, но во последните 60-на години е главно потопена со вода поради изградбата на хидроцентрала на езерото. Во ретки моменти, кога ќе се повлече водата, може да се погледнете сочуваната структура на црквата како и старите гробници во непосредна близина.
Љубителите на спелеологијата секако мора да ја посетат и пештерата Шаркова дупка којашто е откриена пред 30-на години, а предизвикала вистински страв помеѓу локалните жители. Прва личност којашто се осудила да влезе во неа бил Шарко, според којшто потоа пештерата и го добила името.
Денес таа е уредена за посетителите. Секако вреди да се види и шармантниот водопад Дуф кај селото Ростуше, којшто е висок околу 25 метри.
Дуфски водопад
Националниот парк Маврово е секако најсовршена дестинација за љубителите на зимските спортови, па за нив е особено атрактивен во зимските месеци, при што во понудата се истакнува Ски центарот Маврово на планината Бистра, на којашто во просек паѓаат по 70 сантиметри снег во зимските месеци.
Во рамките на паркот може да се скија на височина од 1255 до 1860 метри надморска височина, а на располагање се ски лифтови со целосна должина од 5.700 метри со можност за превоз на 11.000 лица по час. Дел од патеките се и осветлени, па овозможено е и ноќно скијање до полноќните часови.
Ако пак повеќе сакате да планинарите, упатете се на планината Дешат, бидејќи на височина од 1568 метри ве очекува прекрасното ледничко езеро Луков. Секако прошетајте и околу вештачкото Мавровско езеро коешто нуди и можности за риболов, кампирање, велосипедизам и прошетки во незаборавна атмосфера.
Каде да се сместите?
Расположени сте за романтична топла викендица со камин? Или пак пристоен апартман за целото семејство? Можеби сепак најпријатно се чувствувате во хотел?
Apartmani.mkсодржи голем избор на викендици, апартмани, соби, планинарски домови и хотели.
За да ги погледнете сите сместувања во околината на Маврово, кликнетеОВДЕ