Поради изобилната понуда на природни убавини во околината како и познатиот Вевчански карневал, туризмот и угостителството се многу значајна стопанска гранка во сè поголем пораст во Вевчани.
Гостите можат и да престојуваат во автентични приватни куќи/пансиони. Има повеќе традиционални ресторани и пансионски куќи во Вевчани како: пансион „Кутмичевица“, „Пупинова куќа“, гостилница „Во Извор“, „Шутиноски“, „Виа Игнација“, „Домаќинска куќа“, „Вила Алула“. Во Вевчанските ресторани можете да уживате во традиционални специјалитети и одлични македонски деликатеси.
Виа Игнација
Ресторанот „Виа Игнација“ повеќе од 30 години претставува синоним за одличен вкус, гурманска храна и највисоки угостителски стандарди. Се наоѓа во непосредна близина на вевчанската река, среде недопрената природа. На посетителите им нуди богато традиционално мени, во стилски дизајниран амбиент, со капацитет од 120 седишта и тераса со капацитет од 150 седишта.
Располагаат со широка полјана, фарма за полжави, рибник, сопствен уреден паркинг, градина во која се одгледува здрава храна.

Во прекрасната природа е сместена и мини зоолошката градина во која посетителите можат да видат разни видови на птици, срни итн. Детскиот парк за вашите најмили е неограничено место за слобода и игра каде што децата ќе се препуштат на својата фантазија и уживање. Ресторанот е препознатлив по многуте специјалитети, меѓу кои најпознати се:
- Производите од тесто какви што се вевчанскиот традиционален “виткалник” и “комат”;
- Вевчанската скара подготвена од одбрано месо;
- Полжавите “А ЛА ВИА” кои се одгледуваат во ресторанската фарма;
- Свинското месо подготвено на традиционален начин под сач;
- Свежата риба, одгледана во ресторанските рибници

Имајќи го во предвид споменатото, наспроти динамичното секојдневие, “Виа Игнација” е одличен избор за вашиот одмор, за прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или за конгреси. Водејќи се од потребите на гостите, Ресторанот Виа Игнација располага и со апартманско сместување од највисока категорија.
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 071/305-416
E-mail: viaignatia@yahoo.com
Во извор
Гостилница “Во Извор” се наоѓа во самото подножке на преубавите Вевчански извори. Има единствена и неповторлива локација: на врутокот, на избликот, на пенеењето, на клокотот, на првотекот, како и на здивот на Вевчанските извори!
Ви посакуваме чудесни доживувања и пријатни чувства непосредно преку глетка, жубор и допир со брзите речни води!


Сето тоа заедно во една хармонична целина со: традиционален амбиент, современ дизајн, богата и разновидна традиционална кујна, извонредна услуга, добро опремени соби за ноќевање и поволни –прифатливи цени. Бидете и Вие таму каде што се доведени и опстојуваат во непрестан пулсирачки склад природата,човековата дарба и творба и нашата срдечност и гостољубивост.
Што да јадете? Гостите препорачуваат риба и вевчански домашни специјалитети.
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 071/241-427
E-mail: voizvor@hotmail.com
Кутмичевица
Пансионот “Кутмичевица” го промовира богатото историско и културно наследство на Вевчани. Оваа реставрирана куќа, изградена во далечниот 19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и традиционален амбиент и продолжува да ја пренесува долгата историја. Пансионот Кутмичевица им нуди на своите посетители искуство што нема да го доживеат на ниедно друго место – да бидат дел од несекојдневната традиција и обичаи, сведоци на една неискоренета култура и долговековна автентична архитектура, како и на прекрасната панорама на околните планини, села и градови.

Ресторанот целосно ја искористува предноста на комплетно незагадената и богата земја во околината, за одгледување и производство на разновиден органски зеленчук и овошје. Ресторанот исто така поседува сопствени лозови насади, од кои произведува квалитетновино и домашна ракија, кои им се достапни навистинските љубители на традиционални пијалоци.
Гостите на “Кутмичевица” ќе можат да ги вкусат традиционалните македонски јадења, сплотени со локалните вкусови, во голема сала со 70 седишта и прекрасна надворешна тераса со 30 места.

Во склоп на ресторанот има двокреветна и трокреветна соба уредени во етно стил, а истовремено во спој со сите модерни потреби за удобен престој како клима уред, кабловска телевизија, wi-fi, засебно купатило и тераса со прекрасен поглед.
Што да јадете? Органска и свежа храна, риба, вевчански домашни специјалитети.
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 046/798-626; 070/249-197
email: kutmicevica@yahoo.com
Домаќинска Куќа
Ресторанот “Домаќинска куќа” е лoциран на стотина метри од познатите Вевчански извори. Традиционалниот Македонски амбиент ресторанот го први единствен не само во Охридско -Преспанскиот регион туку и пошироко.
Во ресторанот можете да ги вкусите домашната пита, проја, витканик, кашаник како и домашното лепче од сопствената фурна. Сето ова можете да го залиете со домашно вино “Вевчанска крв” , домашна бела и жолта ракија од сопствената винарија – УНИФРИ. Пробајте ги домашните пршути, кулен, панцета како и домашните сирења. Во сопствената фурна се печат јагниња, јариња, прасиња, ребра…

Во “Домаќинска куќа” можете повторно да уживате во помалку заборавените стари селски специјалитети. Еколошки чистата храна уште повеќе ќе ви го долови амбиентот на нашата вековна традиција. Ресторанот Домаќинска куќа поседува и пет соби – апартмани кои се во стилот на традиционален Македонски амбиент. Собите се со сопствено WC и TV.
Што да јадете? Традиционално Вевчанско Луканче изработено по рецепт на старите Вевчанки, како и Вевчанска тава со сува пиперка и вевчанско кромитче подготвена со добро свежо домашно месо.
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 046/790-505; 070/366-855
email: gliso_kompani@t-home.mk
Шутиноски
Недалеку од центарот на Вевчани во новоградба со традиционален стил се наоѓа ресторан кој работи во склоп со Апартмани ,,Шутиноски“. Ресторанот може да угости 50 гости во внатрешниот дел и терасата.

Уживајте на еден поинаков начин, уживајте во природа доживувајќи ја традицијата. Место каде можете да го ослободите својот дух во природните убавини, гостопримливоста и хуморот на домаќините како и да ги почуствувате длабочините на христијанството. Тука можете да ги вкусите традиционалните македонски и вевчански јадења.
Во склоп на куќата, има и апартмани кои ви нудат комплетни услови за одличен престој во Вевчани. Располагаат со сместувачки капацитет од 10 луѓе. Има 4 двокреветни соби со посебно WC, и голем апартман со дневна, спална и кујна од 75 м2 каде може да се сместат макс. 5 лица.
Што да јадете? Комат, виткалник, кашаник, домашно луканче, традиционална тава и други специјалитети.
Што да јадете? Вевчанска скара подготвена од одбрано месо
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 078/388-992
Пупина Куќа
“Пупина куќа”, еден од најпознатите објекти на стара македонска архитектура се наоѓа во строгиот центар на Вевчани.


Низ старата зачувана дрвена порта што ја крепи со децении авлијата ѕидана од скромните, но вредни домаќини ќе влезете во целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, што е комбинација на сместувачко-угостителски објект и музејска поставка за животот и за делото на исклучителниот научник. Денес реновирана со зачувани елементи на камен и дрво, дрвена порта, скалила од костеново дрво и соби со автентичен мебел и покуќнина, освен што е удобно одмаралиште, истата е историско катче кое ја чува и претставува вистинската приказна за семејството Пупин. Ресторанот „Пупина Куќа“ ви нуди удобен смештај во 3 простории уредени во традиционален стил.
Што да јадете? Домашни вевчански специјалитети
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 070/212-560, 071/305-486
Вевчани е едно од најавтентичните села во струшкиот регион и дефинитивно е вредно за посета. Претпознатливо е по преубавата природа, прочуените Вевчански Извори и најдобрата традиционална храна кај нас. Тука може и да се почувствува атмосферата на животот од почетокот на 20 век.
На вас останува само да бидете гладни и да изберете каде сакате да седнете. Добар апетит.