Занимливости

Најдобри хотели за спа туризам и планинарство во Македонија

спа-туризам-македонија-хотели-апартмани

Секоја година Министерството за економија ги избира најдобрите и најуспешни хотели низ Македонија во неколку категории, градски хотели, нова туристичка понуда, спа центри, планински туризам и езерски туризам.

Во прилог ќе ги наведеме победниците во категоријата планински туризам. Целосната листа на хотели, физички лица угостители, ресторани, туристички агенции и странски тур оператори.

Хотел Скардус – Попова Шапка

Хотел Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинатната природа, свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот е со 4 звезди и нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното. Покрај ресторан, бар, 2 конференциски сали, хотелот располага и со 2 базени ( за возрасни и деца ) три сауни и фитнес центар. Има можност и за масажи со претходно закажување.

Попова Шапка како туристички центар е познат по планински туризам. Поседува 11 ски-лифтови со должина од 11.000 метри со капацитет од околу 8000 скијачи на час.

Хотел Радика Ресорт – Маврово

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

Хотел Аурора Спа – Берово

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања. Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Аурора Спа располага со е содржини како: СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени и беспрекорна услуга од светска класа кои го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

Хотел Бел Камен – Радовиш

Хотелскиот комплекс Бел Камен е лоциран на сончевата страна на  планината Плачковица, на 1.450 метри надморска височина, обиколен со богата и густа букова и борова шума. Од Радовиш, до комплексот  се стигнува возејќи кон исток по дваесетина километри асфалтиран  пат, низ живописен предел кој во секое доба на годината плени со  прекрасните пејсажи какви што само природата може да обликува. 

Сите хотелски гости бесплатно можат да го користат СПА-Центарот  сместен во склоп на хотелот. СПА центарот располага со џакузи,  парна бања, финска сауна, топли лежалки како и масажи и козметички третмани за кои се грижи професионален физиотерапевт. Хотелот располага со  комплетно опремена сала за состаноци, семинари,  предавања, конгреси и слични активности клучни за постојаниот  развој и надградба на квалитетот и нивото на професионалност на  секоја организација како и вработените во истата. Хотелот располага  и со голема надворешна летна тераса, со  капацитет од околу 320  гости, опкружена со густа букова шума, идеална за организирање на  настани и свечености во природен амбиент заштитена од сите  временски влијанија.

Во Македонија има уште многу простор за да се инвестира во бањскиот, планинскиот и СПА туризмот, но и моментално можеме да се пофалиме со импозантни хотели кои со својот квалитет и услуга конкурираат со странските.