За сите оние кои сеуште сакаат да уживаат во вистинска зимска магија, не постои подобар избор од преубавото, мирно, планинско село Шампери во Швајцарија кое преставува прекрасно и опуштено место за посета на зимските празници.
Идеално место за скијачи кои практикуваат тивки и мирни места, пријатни за вашите очи, со овозможен пристап до најдобрите ски стази. Одмаралиштето во најголем дел е населено со планински колиби направени од старо дрво расфрлени низ подножјето на планината.
Локалните скијачки стази се отворени и едноставни, исто така се доста изложени на сонце, кое овозможува сјајно утро, но поголем предизвик има во попладневните часови. Постојат два ски лифта од селото па се до Planachaux, односно на почетокот на Portes du Soleil.
Забавата може да се најде тука насекаде, без разлика колку има постари луѓе. Секој може да ужива во погледот на прекрасните снежни падини, зајдисонцето и изгледот на бесконечниот простор на оваа прекрасна природа.