Доколку сте љубители на природа, органска храна и прошетки, имаме одличен предлог за Вас. Се работи за место скриено во планини и ридови кое е дом на византиски манастири, камени мостови стари стотици години и водопади во чисти планински реки.
Ова тајно и прекрасно место се нарекува Гревена, и воедно претставува идеална локација за огледување на печурки. Во лето температурите се идеални за пливање во реката Венетикос или под некој од многуте водопади. Трошоците за посета или одмор во Гревена не се високи, можете да најдете сместување по пристојни цени, а еколошкото искуство што ќе добиете е непроценливо. Округот Гривена се наоѓа на час и половина западно од Солун.
Во градчето живеат само 32.000 жители и повеќето од нив се занимаваат со земјоделство. Не постои подобро место за уживање во природна органска храна, мед и се разбира не заборавајте дека Гревена е позната како град на печурките.
Следуваат фотографии од овој прекрасен град кој се наоѓа блиску до нас и можеме да си дозволиме да го посетиме и да ги видиме убавините кои тој ни ги нуди.










