Почитувани пријатели, читатели, членови и соработници, чест ни е да ве известиме дека сајтот Апартмани.мк прославува 1 година од своето постоење.
Веб страната www.apartmani.mk е каталог на приватно сместување низ цела Македонија. Таа содржи апартмани, соби, викендици, хотели, селски туризам и многу повеќе.
Сајтот е модерен и лесен за употреба, и на него можат да се најдат сите категории на сместувања:
- Апартмани и соби
- Викендици/ Вили
- Селски Туризам
- Хотели/ Мотели
- Бањи
- Планинарски домови
- Кампови
- Манастирски Конаци и многу повеќе
Едноставно внесете го регионот каде би сакале да одите и изберете категорија во каков тип на сместување би сакале да се сместите. Веднаш ќе ви се појави листата на сместувања во тој град со сите потребни информации. Контактирате директно со сопствениците што значи ги избегнувате големите провизии на агенциите и на странските сајтови.
Идејата за ваква страна дојде уште пред неколку години, но имаше потреба од истражувања и дополнителна проверка на пазарот. По направените квалитативни истражувања беше утврдена неопходноста на ваков тип на страна, се со цел на посетителите и туристите да им се олесни барањето на соодветно туристичко сместување.
Странските сајтови нудат цени со големи провизии при резервацијата, а на Апартмани.мк имате директен контакт со сопствениците на сместувањето, без никакви провизии ни скриени трошоци. На тој начин сте сигурни дека ја добивате најниската цена за избраното сместување.
Сајтот започна со работа на 11 јули 2018 година, а тимот на Апартмани.мк една година претходно беше на терен низ цела територија на нашата држава, посетувајќи го секој град, секое село, и секое туристичко место кое може на посетителите да им понуди нешто ново и возбудливо.
Денес, каталогот на Апартмани.мк брои над 500 сместувања во над 35 места низ цела Македонија, и бројот на понудени сместувања од ден на ден е се поголем.
На оваа специјална пригода, нашата прва годишнина, би сакале да знаете дека вашата доверба и поддршка уште од почетоците се најголемите двигатели за нашиот континуиран раст.
Пред нас се уште многу предизвици, голем труд и напорна работа. Ви благодариме што сте дел од нас.