Занимливости

10 причини за да одите на село овој викенд

галичник

Сите оние кои живеат брз, зафатен градски живот треба да размислат да поминат викенд на село.

Следуваат 10 причини зошто да ги спакувате куферите и да заминете веднаш во некое од преубавите Македонски села.

 

1. Свеж воздух и подобро здравје
Првото нешто што треба да го направите на село е да ги наполните вашите бели дробови со чист воздух. Воздухот на село е многу почист отколку во градот. Докажано е дека луѓето што живеат на село имаат подолг животен век од оние во градовите.

2. Препуштете и се на природата
Република Македонија може да се пофали со инспиративен број на билошка разновидност. Мирис на диви цвеќња, спектакл на птиците во лет или пак топол ветер на вашето лице, престојот на село е цел пакет.

сл.1 Река Радика, Македонија

3. Уживајте во погледот. Македонските села нудат поглед што го нема во ниту една уметничка галерија. Вистинско освежување за сите наши сетила.

4. Пешачете. Дури и да не сте љубител на прошетки, шетањето на село има навистина што да понуди. Облечете патики и одете на шетање. И фотографирање, се разбира.

5. Ќе се разбудите наспани и нема да Ви треба аларм

6. Нема да се грижите што да облечете. Заборавете на неудобните фармерки и тесните чевли. Патики, тренерки или хеланки е се што Ви треба. Океј и некој џемпер за поладните вечери.

7. Уживајте во малите работи. Помалку продавници, помалку ресторани и автоматски помалку потрошени пари.

8. Мир и тишина. Престојот во рурална средина нуди приватност и тишина што е речиси невозможно да се најде во градот.

9. Подобрување на вашиот љубовен живот

10. А од сега и лесна достапност за резервирање. Апартмани.мк има широк спектар на сместување во категоријата СЕЛСКИ ТУРИЗАМ низ Македонија (клик ТУКА) . Контактирајте дирекно со сопствениците без никакви провизии и резервирајте го Вашиот престој на село за да уживате во мир и чиста околина.

с.Рајчица – Дебар