Еден од најчестите изговори за да не отидете на патување е тоа дека немате доволно пари. Но, додека патувањето за некои спаѓа под скапа забава, креативните патници можат да најдат многу евтини начини за да ја прошетаат цела држава или да го видат светот.
Ако сакате да се држите до вашиот буџет, а сепак да ги задоволите вашите идеи и планови, обидете се да го преиспитате стилот на патување. Излезете од стегите на удобноста и пробајте некои поевтини начини за патување, видете како најевтино да резервирате хотел или апартман, а можете и да патувате само на еден ден. Следуваат 5 начини како да поминете поевтино на вашето патување…
1.Патувајте предсезона или после сезона
Многу од рестораните па и хотелите работат пред и после сезона и Ви нудат многу поевтини цени за истите услуги. Се што треба е на време да испланирате и да ги проверите временските услови.
Планирајте однапред да го искористите најдоброто од вашето патување. Купете добра мапа-водич и проверете ја веб страната на секое место што сакате да го посетите за да бидете сигурни дека тоа ќе биде отворено. Облечете се соодветно, особено ако може да Ве изненадат и поладни температури. И фокусирајте се на позитивните работи.
2. Заминете на еднодневно патување
Eднодневни патувања се многу забавни. Секако дека можете да направите турнеја низ музеите во вашиот град или да резервирате опуштен ден во СПА, меѓутоа дали тоа е навистина одмор?
Еднодневното патување, дури и ако тоа е само еден час возење со автомобил, ни инјектира елемент на вистинско патување. Плус, патување на еден ден е најверојатно најмалку скап начин за патување до релативно локални дестинации.
Изберете место кое не е многу далеку, а сепак е забавно како национален парк, историски локалитет или пак едноставно град каде досега не сте биле. Доколку сакате да заштедите и на спиење, избегнете го преспивањето со тоа што ќе тргнете рано наутро, а планирајте да се вратите доцна, на тој начин се уште ќе имате доволно време да видите тоа што сакате да го видите, дури и ако вашата дестинација е на 2 часа оддалеченост.
3. Организирајте размена на домот
Ако сте сопственик на куќа или стан, замена на вашиот имот со некој друг е одличен начин за да се најде удобно, практично и бесплатно сместување. Учесниците во размена на домови вообичаено престојуваат во резиденциите во исто време, или пак можат да останат како гости во домот додека домаќините се таму.
Запомнете дека од овој аранжман е меѓусебна размена, со тоа значи дека и вашите гости ќе се грижат за вашиот дом, исто како вие за нивниот. Се разбира, проверете ги упатствата, разговарајте по телефон или дури и организирајте да го сретнете лично вашиот партнер за размена на куќа, со тоа во голема мера ќе го намалите ризикот од некоја непријатна ситуација.
Домашните размени најчесто се организираат онлајн. Доколку сте заинтересирани, проверете го сајтот www.homeexchange.com
4. Делете ги трошоците за превоз со некој друг
Накусо: Може да се качите со некој што оди во иста насока, или ако имате автомобил, можете да барате луѓе да Ви се придружат – со што ќе ги надоместите трошоците за гориво и патувањето ќе ви излезе поевтино.
Заедничкото патување обично бара претходно планирање, бидејќи мора да се знае вкупниот број на патници, како и големината на нивниот багаж.
Делењето на трошоците при патување е секако побезбедна варијанта отколку автостоп. Во Македонија постои страна каде можете да делите превоз до различни дестинации, а тоа е www.vozime.mk
5. Резервирајте сместување ( апартмани или вили ) со повеќе пријатели
Доколку патувате со семејството или со друг пар, сместувањето во апартмани или викендица може да е најдобриот избор за Вас и да ве спаси од големите трошоци за хотел.
Колку повеќе луѓе престојувате, толку ќе биде поевтино. Apartmani.mk Ви нуди голем избор на апартмани, соби и викендици низ целата држава. Контактирате дирекно со сопствениците и на тој начин добивате најдобри цени. За да го најдете совршеното сместување за Вас и вашите најблиски, кликнете ТУКА
Затоа нема повеќе оправдувања. Направете план за Вашето следно патување, спакувајте ги куферите и заминете на авантура или одмор.