Повеќето луѓе имаат долга листа со места кои сакаат да ги посетат. Некои од местата ги посетуваат поради нивната убавина, а некои поради нивната историска или политичка значајност.
Сигурно секој има видено фотографија од местата кои сака да ги посети, и без сомнение тие фотографии изгледаат неверојатно. Но, кога ќе пристигнете ќе сфатите дека вашите очекувања биле превисоки. Погледнете како навистина изгледаат посетите на некои од најпознатите места.
1.Стоунхенџ
Стоунхенџ е едно од оние мистериозни места кое речиси сите сакаат да го посетат. Се разбира, секој од нас си замислува дека ќе го пречека нешто како на фотографијата.
2. Венеција
Секогаш кога ќе видиме фотографија од каналите на Венеција, посакуваме да се најдеме таму. Но за жал, голема е веројатноста во Венеција да се пронајдете во ситуацијата на втората слика.
3. Кинескиот Ѕид
Кинескиот ѕид се наоѓа во Северна Кина, а претставува збир од одбранбени ѕидови со кули. Се состои од повеќе делови со различна старост и начин на градба. Од 1987 година, зидот е под заштита на УНЕСКО.
Лошата страна е што ова место го посетуваат 10 милиони туристи годишно, па поверојатно е дека ќе наидете на ваква глетка.
4. Нијагарини Водопади
Нијагарините Водопади се магични, и од нив посетителите најчесто се воодушевени. Но гужвата која се создава од многубројните туристи го скратува уживањето на ова прекрасно место.
5. Пирамидите во Гиза
Пирамидалниот комплекс во Гиза е археолошки локалитет во Гиза, во предградието на Каиро, Египет. Тие се обвиени со мистерија, но реалноста е дека се наоѓаат скоро во центарот на градот.
6. Статуата на Исус, Рио де Женеиро
Огромната статуа на Исус Спасителот е скулптура која се наоѓа на ридот Корковадо. Но, многу е подобро да го гледате од подалеку и да уживате во убавата глетка отколку да се буткате со големиот број на посетители од целиот свет.