Бизнис патувањата знаат да бидат доста напорни, но доколку се припремите како што треба, не би требало да имате проблем. Еве неколку совети како да го исфрлите стресот додека сте на службено патување.
1. Носете го вашиот костум во авион. Не само што ќе имате стилски лет, туку и ќе го зачувате од виткање. Во внатрешните џебови од костумот можете да ги чувате документите како пасош и слично.
2. Носете го вашиот капут за да заштедите на простор во вашата рачна торба. Ако тоа е вистинскиот класичен капут, тој ќе ви биде доволен за целото патување. Пред да дојдете до безбедносната контрола, складирајте ги сите ваши метални предмети во џебот од палтото, и едноставно симнете го кога ќе дојдете до контролниот пункт. Единствените работи кои што треба да ги ставите во ренген корпата треба да ви бидат вашето палто и кондури.
3. Земете торба на тркала која што е дволно мала за да се квалификува како рачен багаж. Не само што е повеќе практично, туку и го прави животот многу полесен, особено кога сте во костум.
4. Не се мачете со ремен, пробајте со панталони кои што имаат димензии кои вас ви одговараат, не за друго, нема да имате проблеми со безбедносната контрола.
5. Ова може изгледа почетнички, но принтајте ја вашата бординг карта пред време и чувајте ја во еден од вашите внатрешни џебови на костумот. Ако сте во чекор со времето, можете да ја користите апликацијата од авиокомпанијата за да добиете дигитална бординг карта. Тоа е потег на прав бизнисмен.
6. Носете ги следните работи во предниот џеб од рачната торба: слушалки (за музика на вашиот телефон), тампони за уши (доколку некое бебе почне да плаче), маска за очи (да се одморите пред важниот состанок), шише вода и нешто за читање.
7. Кога ќе пристигнете во хотелот не ја оставајте вашата торба, распакувајте се и складирајте ги работите во вашиот гардеробер.