Занимливости

7 работи што често забораваме да ги спакуваме

familyvacay

Кога одиме на пат, одмор, викенд  најстрашното е да заборавиме новчаник или пасош ( и чиста долна облека ). Но во брзањето додека се пакуваме, често не зимаме работи што можат навистина да ни бидат потребни во даден момент. Следуваат 7 предмети кои често забораваме да ги спакуваме, а потоа се каеме зошто не сме ги ставиле во куферот.

 

  1. Шише за повеќекратна употреба

Шишињата за вода, сок, чај и слично се многу важни додека патувате.
Не само што шишето за повеќе употреби е поцврсто од шише за еднократна употреба од локалните маркети, тоа исто така го задржува вкусот на водата и не го меша со пластиката од  самото шише.. За патување, размислете за земање на  помало шише за вода што лесно се вклопува во чанта или торба.

 

  1. Кеса ( Торба за нечисти алишта )

Еден нечист чорап или влажен костим за капење може да ја претвори целата гардероба за одмор во извалкан неред со лош мирис. Не дозволувајте чистата облека да се меша со нечистотиите, спакувајте мала ќеса или торба каде ќе можете да ја ставате влажната, извалкана и нечиста облека. Во случај ако заборавите на ваква кеса, проверете го плакарот на вашата хотелска соба, многумина се уште поседуваат пластична кеса за тие услуги. А доколку сте сместени во апартмани, без двоумење побарајте од сопственикот доколку е во можност да ви обезбеди кеса или било што и да Ви е потребно.

  1. Сет за Прва Помош

Може да се појават пликови. Може да се изгребете. Во туристичките дестинации, цените на сет за Прва Помош се далеку повисоки отколку оние кај нас.

Немој да бидете од оние  луѓе кои трошат 5 еур – 10 еур за пакет од 4 фластери бидејќи заборавивте да вметнете неколку во вашата торба додека се пакувавте.  Наместо да купувате, направете си сопствен сет за Прва Помош и чувајте го некаде на суво место. Не ви е потребно ништо комплицирано, само неколку завои, фластери, антибиотичка маст, гел од алое вера и спреј против болки при убод од инсекти.

 

  1. Закуска за секој случај

Постојат десетици различни сценарија во кои може да дојде до потреба од итна закуска. Протеински чоколатца, ореви, грицки или апетисани кои не мора да се чуваат во фрижидер се совршени закуски за да бидат ставени за секој случај во вашата торба. И да се соочиме реално, мала закуска е секогаш добредојдена дури и да сте на All Inclusive патување.

 

  1. Антибактериски гел за раце

Нема потреба да повторуваме дека честото миење на рацете спречува ширење на бактерии и болести. Бидејќи стандардите за хигиена се разликуваат од едно место на друго, и бидејќи во тоалетите не секогаш е достапен сапун за миење, земете со вас едно мало шишенце антибактериски гел за во секое време да бидете сигурни дека вашите раце се чисти.

  1. Лабело

Дури и ако вообичаено не користите балсам за усни или лабело, сепак е важно да понесете еден за време на вешето патување. Дишењето на сув воздух, јадење брза солена храна во транзитот и подолга изложеност на сончеви зраци неизбежно водат кон блага хидритација и испукани усни. А и тотално неубаво изгледа кога некој постојано ги лиже усните. Лабелото има и други намени како за скротување на непослушните влакна на косата, да ги смири сувите кутикули на ноктите, да ја заштити кожата од горење па дури и да помогне во откочувањето на заглавен патент. И да ги расчистиме стереотипите, лабелото не е само за женскиот пол, има неутрални лабела што не оставаат никаков траг ни боја, а ги штитат вашите усни.

 

 

  1. Копии од патните документи

Последното нешто што повеќето од нас сакаат да го прават додека се пакуваат  е да скенираат или фотокопираат документи. Меѓутоа, во сериозна ситуација кога вашиот пасош или виза се изгубени или пак украдени, од голема помош ќе ви биде доколку имате дополнителна копија. Сокријте ги копиите на различно место од останатите документи, па ако случајно ги изгубите оригиналите нема да ви создаде голема главоболка. Во најмала рака, запишете го бројот на пасошот и испратете си го сами на себе. Губењето на патните документи предизвикува паника и потенцијално може да го уништи одморот, затоа бидете спремни од претходно. Имаме и една поговорка за тоа “Подобро да се спречи отколку да се лечи”. Уживајте во одморот без да се грижите за потенцијално губење на пасошот.

 

Уште неколку совети

*Не заборавајте апостолки. Не заради мода, туку доколку одите на базен, спа или пак сместување со заеднички тоалет, екстра заштита на вашите нозе е секогаш добредојдена.

* Марамчињата и пенкалата за вадење флеки заземаат малку простор, а може да ви завршат голема работа на пример да не бидете цел ден со исфлекана маица од кафе.

  • Подароци

Без разлика дали посетувате стари пријатели, имате состаноци со деловни соработници или ќе бидете поканети во нечиј дом за време на патувањето, секогаш е убаво да се спремите со мал подарок.