Занимливости

Запознајте го Алфи – кучето што сака да патува

Lucerne, Switzerland

Додека сме на одмор, често ги оставаме нашите миленици во хотели за домашни миленици или кај некои наши пријатели кои можат да ги чуваат. Но, американецот Џим Тодлер го носи своето куче секаде каде што патува. Се работи за Алфи – куче од расата Американски пит бул териер кој ужива во патувањата со својот сопственик.

“Алфи е нашата мала семејна љубов и патува со мене каде и да одам. Секогаш го носам фотоапарат бидејќи барам можности да направам некои убави портрети на нашето куче Алфи.

Тој го сака патувањето и истражувањето, не толку многу сака да позира за портрети, но знае дека ова е мојата работа и ние сме добри пријатели, па тој го прави тоа за мене.” вели Џим

Еве неколку од нивните омилени слики од оваа година. Запознајте го Алфи и разгледајте ја Европа за момент со неговите очи.

Бибионе, Италија
Бриге, Белгија
Солнок, Унгарија
Колмар, Франција
Чешка
Езерото Комо, Италија
Бичи Хед, Англија

Следниот пат кога ќе патувате, размислете да го понесете и вашиот миленик со вас! Повеќе од очигледно е дека ќе се забавувате, а можеби ќе направите и некоја убава фотографија.