Занимливости

Бидете дел од Неготински Панаѓур 2018 (19 – 21 септември)

negotino3

Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот „Неготински панаѓур”.

Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата “Неготинска вечер”. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи.

Инаку, “Неготинската вечер” е наследничка на познатата “Боемска вечер”, на која покрај другото беше доделувана и наградата “Боем на годината”.

Празнувањата продолжуваат на 20 септември со познатата “Манастирска Вечер”, кога граѓаните традиционално и масовно го посетуваат манастирот “Свети Ѓорѓи”, кој се наоѓа во непосредна близина на Неготино.

Во текот на следните три дена 21 – 23 септември, започнува стопанскиот дел од манифестацијата, и она што е интересно е дека целото централно градско подрачје е претворено во огромен саем на кој трговците кои доаѓаат од сите краеви на Македонија нудат широк асортиман на производи и стоки.

Во деновите на “Неготинскиот Панаѓур”, Неготино е отворено и подготвено да ги пречека сите добронамерни гости и посетители. Со оглед на тоа дека Неготино е одлична идеја за време на панаѓурските денови, оваа година се очекуваат над 30.000 посетители од Македонија и од странство. Бидете и Вие дел од тоа забавно доживување и посетете го Неготино.

За да најдете сместување во околината на Неготино, кликнете ТУКА