Занимливости

Време е да го разбудите фестивалскиот дух, ајде на Д Фестивал

d-festival2

Датумот за 9-тиот Д Фестивал е закажан и време е да го разбудите фестивалскиот дух, многу новости се пред нас…
Од 12-ти до 14-ти јули, повторно се собираме во Дојран за единствената вистинска фестивалска авантура кај нас! Let D FIESTA begin!

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

Д Фестивал продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните музички фестивали. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 8.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти.

Со нетрпение се очекува секое следно издание, а самиот датум на фестивалот (втората половина на јули) е сезона која секоја година е сѐ повеќе посетена од интернационални и домашни туристи и сѐ поголем број на луѓе кои веруваат во потенцијалот на Дојран. Со ширењето на добриот глас за сѐ повозбудливите фестивалски изданија, сѐ повеќе луѓе одлучуваат својот годишен летен одмор и најдобриот летен фестивалски настан да го поминат токму во Дојран. Резултатите и реакциите од минатите изданија на фестивалот, донесоа логичен прогрес да се прошири фестивалскиот обем во поглед на понудата и капацитетот.

Во 2015 година Д ФЕСТИВАЛ го прослави својот петти јубилеј и по тој повод фестивалот го претстави своето најголемо издание досега, проширувајќи го концептот со тридневна музичка програма, на повеќе фестивалски бини и со камп за своите посетители, лоциран покрај плажата на прекрасното Дојранско Езеро.

Позитивните впечатоци од последното издание на Д Фестивал повторно го добиваат својот интензитет како што се приближува времето за новото, седмо издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас. И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и да бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.

6 стејџови, многу изненадувања и над 55 изведувачи меѓу кои Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Страјк, Фолтин, Суперхикс, Dj Nikifor, Tom Novy… Не го пропуштајте годинешното издание на Д фестивал.

Цените почнуваат од 800 денари и вклучуваат влезница за 3 дена за посета на сите стејџови.

Апартмани.мк има голем избор на сместување во Дојран. За да ги разгледате, кликнете ТУКА