Занимливости

Хотели од целиот свет што ќе ви ја разгорат желбата за патување

hotel-pod-voda

Дали знаевте дека првиот хотел бил изграден во 705-та година? Хотелот Nisiyama Onsen Keiunkan сместен во Јаманаши, Јапонија работи веќе 1.300 години. Оттогаш низ светот се отворени многу хотели, а некои од нив се навистина неверојатни. Ова се некои од најубавите хотели во светот коишто сигурно ќе сакате да ги посетите.

1 . Дом за жирафи, Кенија

Овој мал хотел е дом на стадо загрозени жирафи кои редовно ја подаваат главата низ прозорците и бараат храна од посетителите.

2. Монтана Маџика, Чиле

Овој хотел кој наликува на вулкан е сокриен во приватен природен резерват и еруптира вода наместо лава. До хотелот се стигнува само пеш и гостите мора да поминат висечки мост за да стигнат до него.

3. Одморалиште Манта, Занзибар

Како дел од огромна пловечка структура, една од најдобрите соби на хотелот е сместена под вода. Овде можете да гледате како рибите пливаат надвор од вашиот прозорец.

4. Ice Hotel, Шведска

Првиот хотел направен од снег и мраз е одлично место да ја откриете тишината, да ја гледате поларната светлина или да пробате да направите скулптура од мраз. Овде секогаш е Божиќ.

5. Sky Lodge, Перу

Овој хотел ви нуди можност да отседнувате во целосно транспарентна луксузна кабина која е монтирана на карпа.

6. Одморалиште Кумбук, Шри Ланка

Масивната вила од два ката е лоцирана во природен резерват и им нуди на гостите да отседнат во најголемиот слон на светот. Покрај тоа овде можете да ја истражувате околината и да видите вистински слонови.

7. Ханг Нга, Виетнам

Позната и како „Луда куќа“, оваа неверојатна градба е вистинско уметничко дело. Овде ќе се чувствувате како во бајка.

8. Заедница од куќи на дрва Финка Белависта, Костарика

Сместено во национален парк, ова необично одморалиште ќе ви помогне да се исклучите од надворешниот свет и повторно да се поврзете со природата.

9. Капсулвалју Канда, Јапонија

Целта на овој хотел е да им овозможи удобен и евтин престој на оние кои треба да поминат само една вечер во градот.

10. Мотел Хобит, Нов Зеланд

Овие соби инспирирани од филмот „Господарот на прстените“ (Lord of the Rings) се направени од рециклиран и природен материјал. Овде можете да го искусите мирниот хобитски живот.