Во зимскиот период веројатно повеќе би сакале да истурите црвено вино на вашата венчаница отколку да размислувате каде да одите за медениот месец. Но, и покрај стресот што доаѓа со планирањето на венчавката, вие и вашиот сакан заслужувате едно романтично патување. Погледнете некои од најдобрите дестинации за меден месец кои е одлично да ги посетите и во зима.
1. Сантијаго, Чиле
Зошто да не го почувствувате летото во јужната хемисфера? Изгласана како држава број 1 која треба да ја посетите оваа година, Чиле е полна со шарм и романтика. Главниот град врие со тренди бутици, храна и историски локации кои вреди да ги истражите со саканиот.
Изненадувачки, космополитски, енергичен, софистициран и светски, Сантијаго е град на различни културни струи, луди забави, експанзивни музеи и ресторани со врвен квалитет. Не е чудо што 40% од Чилеанците живеат во главниот град.
2. Санторини, Грција
Ако сте мечтаеле за Санторини и сакате да го посетите, зимата е одличен период и ако вашиот буџет е ограничен. Можеби нема да можете да уживате во плажите, но тоа не значи дека нема да го почувствувате шармот на овој сино-бел остров. Можете да најдете навистина евтини понуди надвор од сезоната. Што можете да правите на Санторини во зима?
- Истите разгледувања што ќе направите во текот на летото, но со помалку луѓе околу себе.
- Да го вкусите локалното вино во винаријата (или во вашиот хотел)
- Да направите неверојатни слики ( без 100 луѓе во позадина)
- Да уживате во погледот и во заоѓањето на сонцето
3. Венеција, Италија
Венеција е преубава во секој период од годината. Нема ништо помистично од градот кој плови, од неговите гондоли, рестораните со свежи тестенини и тесните калдрми. Покрај тоа, ако ја посетите Венеција во зимските месеци, ќе го избегнете непријатниот мирис од летните денови и дополнително ќе ја избегнете гужвата од туристи. Исто така ќе најдете многу поевтино сместување, поевтини летови, но и поевтина храна.
4. Мајами, Флорида
Иако за оваа дестинација ќе Ви бидат потребни повеќе пари, ако одите во овој период можете да најдете поевтини летови и сместување. Лоцирано на јужниот дел на Флорида и десно на Атлантскиот Океан, Мајами прерасна од дестинација за одмор до космополитско жариште преплавено од уметност, култура, храна, пијалок и ноќен живот. Ќе ги искусите автентичните кубански ресторани, а можеби ќе откриете и некоја скриена плажа.
5. Амстердам, Холандија
Амстердам отсекогаш бил популарно место за градски паузи – и тоа е особено привлечно место за посета во зима. Овој град со канали можете да го посетите со навистина ограничен буџет. Во Холандија ќе најдете некои од најдобрите пејзажи во Европа кои се уште поубави кога има малку снег. Сместете се со сопругот/сопругата во некоја локална пивара, посетете некој од многуте музеи кои нудат големи попусти надвор од сезоната или пак едноставно уживајте шетајќи се по прекрасните Божиќни базари.