Занимливости

Како да си поминете убаво на ROAD TRIP?

capa5

Кога патувате со кола низ повеќе дестинации се е супер освен кога на некој ќе му се слоши, ќе нема добри песни на радио или нема да можете да се наместите убаво за спиење. Листата може и да продолжи, но еве неколку начини како да си го олесните патувањето и го направите позабавно.

Спакувајте повеќе од само алишта

Задолжително треба да спакувате пакет за прва помош, храна, вода, влажни марамчиња за освежување како и комплет за помош на патот. Нема ништо полошо во случај на проблем со колата да немате никакви средства.

Симнете ги потребните апликации

Деновите на мапи и промашени излези се минато. Освен Google Maps, постојат повеќе апликации кои работат и кога немате пристап до интернет. Една од нив е maps.me која е едноставна за употреба, работи и без интернет и е достапна и на Андроид и на IOS.

За да ја симнете maps.me:

  • За корисници на iPhone, клик ТУКА
  • За корисници на Samsung, клик ТУКА

 

Создајте дом надвор од домот

Вашата кола е ваш дом додека патувате. Ако патувате на подолги дестинации земете ќебиња и перници за поголема удобност. Не зафаќаат премногу простор и сигурно ќе ви се најдат во потребен момент.

 

Земете преносен фрижидер со вас.

Избегнете топли пијалоци и расипана храна со тоа што ќе инвестирате малку пари во преносен фрижидер. Ваквите типови на фрижидери имаат капацитет од 22 литри што е доволно за да соберат се што Ви е потребно за по пат. Плус не зафаќаат многу простор. висината им изнесува околу 50 cm, а ширината 40 cm..

Одличен за пикник, плажа или road-trip патување.

Доколку немате преносен фрижидер, можете лесно да набавите во некои од поголемите супермаркети како и во продавници за бела техника и домаќинство по цена од 600 – 1000 денари.

Не заборавајте да понесете креми за сончање.

Можеби не можете да приметите за време на возењето, но сонцето дирекно грее во вас. За да се заштитите од штетните УВ зраци, за да го избегнете нерамниот тен (како што се случува кога седиме само на едната страна од возилото) користете креми за сончање и задолжително наочари за сонце. На македонскиот пазар има голем избор на креми и млека со заштитен фактор, цените се движат од 200-800 денари ( цената кај овие препарати е во зависност од брендот, а не од квалитетот ). Постојат и лабела со заштитен фактор кои се безбојни, а ги штитат вашите усни од сите штетни влијанија.

Направете пауза

Видете, секому му треба мал одмор. Возењето зема патарина на телото и на умот. Но има голема разлика ако застанете на пауза, ги истегнете нозете 5 минути, се напиете вода и каснете нешто. И за крај, потребно ви е желба за авантура. Убавината на ваквите патувања е слободата што ја нудат. Зборувајте со луѓето што ќе ги сретнете по пат, прифаќајте предлози за места што треба да се посетат и дозволете си авантура.