Занимливости

Кои се најголемите опасности на плажа и како да се заштитите?

koi-se-najcestite-opasnosti-na-plaza

Одморите на плажа за некои од нас се најубавите видови на одмор. Но иако посетата на плажата може да биде навистина забавна, и овде постојат неколку опасности за коишто треба да бидете внимателни. 

Водни струи

Според некои податоци, водните струи се причина за 80% од давењата на плажа. Водните струи се моќни и лесно можат да ве завлечат. Според експертите, доколку се најдете во ваква ситуација, немојте да се спротивставувате.

Наместо тоа, пливајте паралелно со брегот, заедно со струјата и под мал агол, додека не излезете од неа, а потоа движете се кон брегот.

Гужва

Доколку сте со мали деца, бидете особено внимателни ако на плажата има многу луѓе. Децата се љубопитни па лесно можат да се изгубат низ толпата.

Обидете се најдете место на плажата од каде што ќе можете постојано да ги гледате. Во случај да се загубат, кажете им однапред што да прават.

Медузи, раи и други животни

Морскиот живот може да биде неверојатен, но некои видови можат навистина да ви наштетат. Медузите се честа појава во лето, а ако ве опечат можат да предизвикаат силна болка.

Пред да влезете во водата, осигурете се дека нема медузи. А доколку забележите некоја на брегот, немојте да ја допирате, бидејќи сè уште може да ве боцне.

Штетни алги

Лесно е да забележите доколу на некој дел од водата има повеќе алги. Додека повеќето видови не се воопшто опасни, мал дел од нив можат да испушат невротоксини.

Па најдобро е да ги избегнувате местата со алги, без разлика колку безбедно ви изгледаат. Исто така добро е да се избањате ако сте биле во вода со алги.

Изгореници

Најдобриот начин да ги спречите изгорениците се заштитните креми за сонце и седењето под сенка. Доколку сепак изгорите, можете и самите да ја третирате изгореницата, сè додека не е посериозна. Тргнете се од сонцето, пијте многу вода и мачкајте се со крема за изгореници.

Се што е потребно за мирен одмор е да ги следите дадените совети и малку повеќе да внимавате на потенцијалните опасности. Ви посакуваме убав одмор!