Занимливости

Лекови кои мора да ги понесете на патување

Medical-Kit-cover

Имајте во план дека во куферот мора да оставите место и за најосновните лекови. За време на патувањето може да се појават алергии, стомачни тегоби, изгореници и повреди, па мора да сте подготвени и да имате лекови при рака.

Најнеопходни лекови се оние за намалување на температура, како и аналгетици.

Покачената температура најчесто се јавува кај децата при промена на клима, па затоа добро е да носите лекови и сирупи на база на ибупрофен или парацетамол. Не заборавајте го и топломерот, а ако температурата трае подолго од три дена, обратете се кај лекар.

 

 

Парацетамол таблетите се користат за намалување на температурата, како ублажување на умерена болка: забоболка, менструална болка, болки во мускулите и ревматска болка, болки од повреди. Дејство: Парацетамол таблетите содржат парацетамол што ја инхибира синтезата на простагландините во централниот нервен систем и со тоа ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката.

 

 

 

 

  • Кај возрасните најчесто се јавува дијареја и повраќање, поради труење од храна, вирусна инфекција или пиење на нечиста вода. Во овој случај мора да пиете многу течности за да не дехидрирате, но и да понесете лекови кои ќе може да Ви помогнат, како што се пробиотиците.

 

 

Линекс Гастро се употребува за балансирање на цревната флора неопходна за функционирање на имонолошкиот и дигестивниот систем, како и за апсорпција на витамини. Помага при дигестивни проблеми како дијареа, запек, оток или гасови.

 

 

 

 

  • Ако во случај дојде до некоја повреда, најважно е да се запре крварењето со притискање на раната, да се исчисти раната со хидроген или јод и потоа да се заштити со завој или фластер.
  • Доколку патите од некоја хронична болест, набавете си од терапијата доволно лекови кои ќе Ви стигнат додека сте на одмор.

Со летото доаѓаат осите и сите останати инсекти кои се непосакувани гости на нашиот одмор. Не заборавајте да понесете нешто за црвенило или осип.

 

 

Синопен маста се употребува при убоди од инсекти и јадеж на кожата предизвикани од иритација. Синопен смирува односно го отстранува јадежот после 5-10 минути што го прави одличен за прва помош при убод.

 

 

 

 

Сонцето и промената на клима знаат да предизвикаат главоболка. Во секој случај да страдате од чести мигрени, но и никогаш да не сте осетиле една, за време на вашиот одмор обезбедете си соодветни лекови за главоболка и настинка.  Во случај на неподносливи болки, напијте се Efridol, а за сите останати Caffetin и Rapidol сигурно ќе Ви помогнат.

 

 

И секако не заборавајте на витамините. Понесете ги најнеопходните како Витамин Ц и Б.

Освен наведеното, пред да заминете на патување, посетете го вашиот лекар кој ќе Ви препише рецепти за потребните таблети. На тој начин, ќе може да сте смирени, доколку се соочите со некој здравствен проблем.