ОПИС

Етно Куќа „Серменински Чардак„ се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, 17 km одалечено од Гевгелија. Селото Серменин изобилува со стара Македонска архитектура која доста е сочувана. Селото претставува воздушна бања и е познато од дамнина дека воздухот е многу чист и уште за време турско на ова место ги носеле децата кои имале бронхијални и асматични заболувања.

Самата планина изобилува со планински извори и реки, убави велосипетски и мото крос патеки а има и параглајдинг слетиште „Стајка„

Вилата располага со 2 фамилијарни апартмани со сопствена кујна и тоалет, една двокреветна и една трокреветна соба исто така со сопствен тоалет.

Во склоп на Етно Куќа „Серменински Чардак„ има ресторан со доста ниски цени и во истиот се спрема исклучиво Македонска традиционална храна…Етно куќата располага со сопствена органска бавча, сопствено производство на мед, домашни јајца, домашно сирење и кисело млеко. Во склоп на куќата има и детско катче

Доколку сакате мир и тишина, одмор на душата, чист планински воздух и звуци од ѕвонците на добитокот… Повелете во Етно Куќа „Серменински Чардак„

Цена

  • Цело сместување:

    од 1200 денари ( за 2 лица со вклучен појадок )

  • Цело сместување:

    од 1300 денари ( за 3 лица со вклучен појадок )

  • Цело сместување:

    од 1400 денари ( за 4 лица со вклучен појадок )

Број на соби

  • 2 апартмани и 2 соби

Контакт

Локација

Рејтинг

5
4 ratings
5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 stars
0

    Dena Pop Dimitrova

    Prekrasno mesto, prekrasna usluga vredi da se poseti❤

    Vasil

    Место за вистински одмор… Проект кој заслужува севкупна подршка и посетеност.. Со среќа…

    Kostadin Ilievski

    😍

    Zvonko Janev

    Vistinsko mesto za polnenje na vasite baterii. Usluga na nivo, prekrasna priroda i cist planinski vozduh….. Mesto idealno za familijarni odmori so prosetki po nedoprenata planinska priroda, a isto taka i za drustveni druzenja. Vredi da se dozivee kako nesto novo

Оценка