ОПИС
Управува: ПК Љуботен
Местоположба: На Попова Шапка, во близина на Планинарски дом „Смрека“
Пристап: Тетово – Попова Шапка
Работно време: Домот е отворен преку цела година, но нема постојан домар, затоа е потребна претходна и навремена најава
Планинарскиот дом Љуботен се наоѓа на Попова Шапка зад Детското одморалиште во близина на Планинарски дом „Смрека“. Располага со дневен престој со кујна, 2 спални соби, ходник, санитарен чвор.
Домот нуди 10 легла од кои 4 во една соба, а 6 во друга соба. Греењето е на шпорет на дрва кој може да се користи и за готвење, а има и дополнителни греалки за во собите.
Планинарски дом Љуботен нуди:
– Постојан доток на вода и бојлери во кујна и во WC.
– Постојана снабденост со електрична енергија
– ТВ со ДВД плеер.
– За разлика од останатите планинарски домови, овој дом нуди интимност и пријатност за семејства или помала група на планинари и скијачи.
Цена
Број на соби
- Капацитет 10 лица
Контакт
- Адреса: Попова Шапка, Тетово, Македонија - Насоки
- Телефон: 071/660-806, 077/989-101
- E-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk
- Website: www.pkljuboten.org.mk
Сѐ уште нема коментари.