ОПИС
Управува: ПК Неолица
Пристап: Преку село Буково ( 2,30 часа ) или преку село Лавци (1,30 час)
Местоположба: Врв Неолица, Баба Планина
Работновреме: постојано е отворен, но претходно е потребна најава
Неолица е врв на Баба планина, висок 1865 метри апсолутна висина и е оддалечен 10 километри од градот Битола. На самиот врв се наоѓа спомен-обележје кој го носи името „Сеќавања“ направено од три дела, пирамида што претставува височина, информативна табла и крст.
Од врвот се простира една од најубавите глетки во земјава. На север се гледа планинскиот масив Баба, отспротива на југ се извишува Кајмакчалан, а на источната страна како на тепсија се протега Пелагонија, а по неа се издига Солунска Глава.
Планинарскиот дом Неолица е изграден во седумдесетите години од група планинари и има капацитет од 50 кревети, 50 места за дневен престој и 50 места околу самиот дом. До овој дом може да се стигне за 2.30 часа пешки преку село Буково, или за 1.30 часа преку село Лавци. Домот е обезбеден со електрична енергија и свежа планинска питка вода, а за љубителите на планински седенки, домот располага со скара на ќумур.
Цена
Број на соби
- Капацитет 50 лица
Контакт
- Адреса: Неолица, Битола, Македонија - Насоки
- Телефон: 075/594-439, 076/440-484, 078/640-984 Трајче
Сѐ уште нема коментари.