ОПИС
Вила Зердин Дуб е лоцирана помеѓу општина Ранковце и село Опила, смер Крива Паланка. Се наоѓа во природа (300м од патот) близу реката Крива Река (500м).
Има околу 1300м заграден двор, паркинг за 10-15 возила, два типа на скара, дворот е осветлен со рефлектор, што значи дека е погоден за ноќни седенки, 3 точаци на располагање, низ селото има бројни патеки каде може да се прошета, пешки или на точак, дворот е приспособен и за мали деца, има лулашки, кош, опрема за бадминтон, безбол, куќата располага со целосно опремена кујна, трпезарија, дневна соба, прекрасен камин на дрва, но исто така и греење на струја, располага со клима, водата е приклучена на водовод (се пие), располага со WI -FI, две одвоени спални соби, прекрасна приземна тераса со убав поглед.
Во близина на викендицата има неколку продавнички, бензинска, манастир Јоаким Осоговски (26км), манастир Лесново(23км), Куклица(16км), Опсерваторија Кокино(30км), Црква Св. Никола село Псача(10км)(од 13 век).
Имаме додатни можности за организирање на разноразни ручеци ,вечери во договор со професионален готвач.
Можност за забави итн, цена по договор.
Напуштање на вилата до 12:00 часот.
Информации на телефон: 074/608-104 Матеј, 078/492-409 Сашо
Цена
-
Цело сместување:
3000 ден ( за 2 лица ) дневно + 500ден за секое наредно лице
За подолг период цена по договор
( напуштање на вилата до 12:00 часот )
Број на соби
- 3
Контакт
- Адреса: Rankovtse, Municipality of Rankovce, Macedonia - Насоки
- Телефон: 074/608-104 Матеј, 078/492-409 Сашо
- E-mail: matejmisevski995@gmail.com
- Website: www.facebook.com/zerdindub
Маја
Прекрасно место за одмор. Викендицата располага со сите потребни работи за удобен престој и реквизити за игра. Сопственикот е исклучително професионален и услужлив. Мило ми е што го лоциравме местото и секако почесто ќе го посетуваме.
Marko
Preubavo mesto za odmor. Mestovo ima posebna toplina. Sekoja cest za sopstvenicite 5*
Андријана
Многу убаво изгледа, одлично за големо друштво, треба да ја посетиме вилава
Ljubica
Зердин Дуб го посетуваме барем два пати годишно и сме многу задоволни, преубаво е особено во пролет, есен, но и зима. Ми се допаѓа што сме цел ден во природата, шетаме, ловиме риби, си купуваме домашен путер и јајца од мештаните, а можеме да го носиме и нашето куче.