ОПИС

– Прекрасна вила со базен, која се наоѓа во тивка и природна средина.

Просторот:

Вила Купеница се наоѓа на возвишување, во тивка и природна средина, далеку од градската бучава. Вашата посета тука може да биде пријатна и незаборавна во секој период од годината. За време на топлите денови, можете да уживате во убавите бои на зајдисонце додека пливате во базенот. За време на студените зимски денови, можете да седите покрај каминот додека уживате во чаша добро црвено вино и прекрасен поглед од дневната соба. Целиот имот е опкружен со високи борови дрвја, така што приватноста е на највисоко ниво.

Локација:
Се наоѓа во селото Никуљане, 11 км од Куманово, 44 км од Скопје, 33 км од меѓународниот аеродром во Скопје.

Вилата располага со:
Голема дневна соба со камин, четири спални со вкупно десет легла, кујна, две бањи и еден тоалет.

Двор:
Целиот имот има вкупно 5000m2 . Во дворот има базен, сместен на пониска точка, кој може да се користи бесплатно за време на летната сезона. Како дел од имотот е винаријата “Купеница”. Доцна лето и рана есен е периодот од годината кога можете да го доживеете или да бидете дел од најважниот чекор во процесот на производство на вино – бербата на винско грозје.

Погоден за:
Двојки;
Семејства со деца;
Постари луѓе;
Групи (до десет лица);
ВИП гости.

Места за посета:
Забел – манастирската црква Света Богородица (4км);
Црква Св. Ѓорѓи (5км);
Костопер Вулкан Рок и археолошки локалитет (8км):
Зебрњак – Споменик на битката кај Куманово (10км);
АСНОМ – Меморијален центар (14км);
Кокино мегалитска опсерваторија (20км);
Археолошки локалитет Јустинијанска тврдина и Големо Градиште (28км)
Кочев Камен – пелеолитска пештера (29км);
Карпински манастир (30км);

– Beautiful Villa with pool, located in quiet and natural environment.
The space:
Villa Kupenica is located in an elevated position, in a quiet and natural environment, far away from the city noise. Your visit here can be pleasurable and unforgettable in each period of the year. During the warm days, you can enjoy beautiful landscape views and the colors of the sunset while swimming in the pool. During the cold winter days, you can sit by the fireplace while enjoying a glass of a good red wine and the beautiful view from the living room. The whole property is surrounded by high pine trees, so the privacy is on the highest level.
Location:
Located in the village Nikuljane, 12km from Kumanovo, 44km from Skopje, 33km from Skopje International Airport.
The Villa has:
Large living room with fireplace, four bedrooms with ten beds total, a kitchen, two bathrooms, and one toilet.
The Yard:
The whole property has 5000m2 total. In the yard, there is a pool, situated on a lower point, which can be used for free during the summer season. As a part of the property is the Kupenica Winery. Late summer and early autumn is the period of the year when you can experience or be a part of the most crucial step in the process of winemaking – harvesting of wine grapes.
Suitable for:
Couples;
Families with children;
Older people;
Groups (Up to ten people);
VIP Guests with security.
Places to visit:
Zabel – The Monastery Church of Holy Mary (4km);
Church of St. George (5km);
Kostoper Vulcan Rock and Archeological Site (8km):
Zebrnjak – Monument of the Battle of Kumanovo (10km);
ASNOM – Memorial Center (14km);
Kokino Megalithic Observatory (20km);
Justinianic Fortress and Golemo Gradiste Archaeological Site (28km)
Cocev Kamen – Paleolithic hilltop cave site (29km);
Karpino Monastery (30km);

Цена

  • Цело сместување:

    од 120 евра ( до 10 лица )

Број на соби

  • 4

Контакт

Локација