Иако прва асоцијација за плажата е безгрижност, сепак постојат многу ризици на кои ретко помислуваме кога ќе се упатиме кон неа.
За одморот или викендот да не се претвори во непријатно искуство, треба да почитувате 7 едноставни правила:
1. Не влегувајте сами во вода
2. Не влегувајте ниту пребрзо во вода
Дајте му време на телото да се навикне на температурната разлика.
3. Проценете ја температурата на водата
Доколку е престудена многу лесно може да се соочите со грчеви и вртоглавици. Добро е да си ги знаете границите на издржливост.
4. Разгледајте ги дополнителните ризици
Истражете дали има опасни животни во водата во која планирате да влезете, дали водата е чиста и можете да го видите дното и на што точно газите, дали постои опасност од треви кои може да ви се замотаат околу ногата… Никогаш не влегувајте „на слепо“.
5. Пловните средства на дување се ризични
Никогаш не заспивајте на нив, бидејќи не знаете струите каде може да ве однесат. Исто така, доколку имате деца, никогаш не ги оставајте сами на душек во вода.
6. Ноќно бањање
Иако делува примамливо, ноќното бањање знае да биде поризично од вообичаено, па најдобро е да се консултирате со локаци, да не одите сами и да се држите до длабочина до која може да допрете со нозете.
9. Алкохолот е големо НЕ за време на пливањето
Во вода мора да бидете комплетно трезни и свесни, без изговори.