Занимливости

6 правила за добри домаќини

full-banner-five-stars

Следуваат 6 правила за да бидете сигурни дека Вашите гости си поминале прекрасно на нивниот одмор:

  • Редовно менувајте ја постелнината.. Дури и да се работи за помошен кревет, чистата постелнина прави разлика.
  • Одржувајте ја хигиената во апартманите. Иако никој не очекува вашата куќа да биде беспрекорна, сепак придржувајте се до правилата за редовно чистење на апартманите

  • Внимавајте на вашите гости. Во нов град секој се чувствува помалку изгубено. Кажете им дека слободно може да Ве прашаат за се што им треба.
  • Во ред е да бидете туристички водич. Тоа не значи дека треба од одите на прошетка со вашите гости, меѓутоа обезбедете им ги сите информации за локалните знаменитости и објаснете им како да стигнат до таму. Вие најдобро знаете што во вашиот град не смее да се пропушти.

  • Никој не сака веднаш штом ќе се смести во апартман да оди во  продавница по храна и пијалок, па не заборавајте да им понудите кафе, грицки или сок.
  • Бидете љубезни и културни и направете гостите да се чувствуваат како дома.

 

Совет плус,  работи што добрите домаќини треба да ги имаат во апартманите:

  • Залиха од чај, кафе, шеќер и сол (кои стојат само за резерва)
  • Екстра ќеса за мраз во замрзнувачот
  • Екстра тоалетна хартија во тоалетот
  • Свежо цвеќе или свеќа
  • Лесно пристапни штекери
  • Сапун
  • Чисти пешкири
  • Неколку основни рецепти за готвење
  • Отварач за вино и повеќе од 4 чаши за вино
  • Wi-fi password запишан на ливче и оставен на видно место