Занимливости

Што треба да знаете ако патувате со бебе?

Picture-BabyWinkz-baby-and-suitcase

Патувањето со бебе може да биде голем предизвик, но и многу убаво искуство, па еве неколку совети кои можат да Ви помогнат за полесно прилагодување.

1. Колку можете држете се до распоредот

Направете се што можете за да го одржите истиот распоред кој бебето го има дома. Децата сакаат рутина и подобро се чувстуваат и со тоа и однесуваат кога работите се одвиваат на за нив предвидлив начин.

2. Имајте ги на ум нивните ограничувања

Ако е можно не посетувајте настани или не одете во шопинг кога бебето е уморно или гладно. Ако е време за спиење, охрабрете го бебето да се одмори или да заспие. Сетете се дека децата имаат краток период на внимание, па затоа не можат да седат подолго време на едно место.

3. Држете ги окупирани

Понесете сликовници или играчки со вас во кола, во трговски центар итн. Кога на децата им е досадно тие измислуваат разни работи, затоа погрижете се да имаат занимација. Уште подобро ако играчките се нови или ако се подзаборавени. Полека вадете ги и покажувајте му ги на детето новите играчки за време на патувањето.

4. Двојна пелена

Ако патувате подолго можете да му ставите 2 пелени на бебето, (една врз друга) за да спречите да стане непријатно влажно. Можете да ставите и пелени наменети за ноќно време.

5. Носете доволно храна и вода

Кога сме жедни или гладни сите стануваме нервозни. Земете доволно адаптирано млеко (ако веќе му давате АД на бебето), вода, шишиња и нешто за јадење. Земете повеќе од што мислите дека ќе биде потребно, за евентуално да не има некакво успорување. Ако патувате со авион, за време на полетувањето и слетувањето дојте го или дајте му на бебето млеко од шише за да спречите болка во ушите заради менувањето на воздушниот притисок. Постарите деца можат да голтаат друга храна или да пијат друг пијалок.

6. Земете го омиленото ќебенце или играчка

Немојте да ја заборавите омилената полнета играчка или ќебенце. Нивното присуство ќе му помогне на бебето да се чувствува поудобно и посигурно.