Кога одбирате помеѓу бројните понуди за одмор без разлика дали станува збор за летување или зимување, во глава ви се вртат многу прашања. Кој одмор е најудобен и најпрактичен? Некои држави се пријателски настроени кон туристите, а некои можат да бидат опасни. Многу хотели нудат „All Inclusive“ услуга, но погледнете во кои држави навистина ќе Ви се исплати, а во кои е само трошење пари.
1. Малдиви
Храна: 3 оброци во ресторан, ужина во барот во текот на денот. Постојат и ресторани лоцирани надвор од хотелот во кои ќе треба однапред да резервирате. Храната е вкусна и безбедна и има голем број алкохолни и безалкохолни пијалаци кои се скапи без оваа услуга.
Други удобности: Постојат многу опции за забава на Малдивите. Удобноста ќе ве следи во текот на целото патување. Повеќето хотели нудат трансфер од и до аеродромот, како и опција да чекате во ВИП лобито. На самиот остров се нудат разни екскурзии со бродови, лекции за нуркање, бројни водни спортови, фитнес центри, барови, риболов и музичка забава навечер.
Што недостасува: Ова е тешко да се одговори. Ол инклузив пакетите на Малдивите го даваат најдоброто за посетителите да бидат задоволни.
Дали да резервирате: Да, ако сакате вистинска релаксација. Ако не ви се важни храната, пијалаците и забавата, тогаш можете да одберете опција само со појадок и вечера.
2. Египет
Храна: 3 оброци дневно со бифе, неограничен сладолед и бесплатен локален алкохол. Но, алкохолот од други држави се доплаќа.
Други удобности: Хотелите во Египет се познати по нивните бројни забавни програми, забави и активности за деца. Сите „ол инклузив“ пакети нудат бесплатни лежалки на плажа, а понекогаш во цената е вклучено и масажа, спа центар и фитнес центар.
Што недостасува: Мини барот во хотелската соба не е бесплатен и опциите како перење облека се доплаќаат.
Дали да резервирате: Да. Се препорачува да не ги напуштате хотелите во Египет. Поради ова тие се обидуваат да им понудат на туристите сè што им е потребно – храна, забава и удобност.
3. Обединети Арапски Емирати
Храна: Овде „All Inclusive“ значи највисокото ниво на удобност и почит. Сè ќе изгледа неверојатно, а храната ќе биде вкусна. Но, ќе треба да платите за деликатесите како јастог. Покрај тоа количината алкохол е ограничена – ако келнерот забележи дека гостинот е пијан ќе престане да го служи со алкохол.
Други удобности: Некои хотели овозможуваат брод, велосипед и кајак со „All Inclusive“ пакетот. Но ќе треба да плаќате за лежалки ако хотелот не е на брегот.
Што недостасува: Забави и активности за деца.
Дали да резервирате: Да, ќе биде многу поудобно и поевтино отколку сè да плаќате посебно. Дубаи е исклучок – најверојатно подобро е да закажете без оваа услуга бидејќи тоа е единственото место во државата што има интересни и евтини кафетерии.
4. Турција
Храна: Повеќето хотели во Турција имаат бифе со одредено работно време и 24-часовна собна услуга. Локалниот алкохол е бесплатен, но ќе треба да плаќате за увезените брендови.
Други удобности: Се нуди сè што можете да замислите. Дури и хотелите со 3 ѕвезди имаат многу активности за деца и возрасни, вклучувајќи фитнес центри, забави, натпревари и шоуа во баровите. Хотелите со 4 и 5 ѕвезди имаат и аква парк.
Што недостасува: Овој пакет не вклучува работи како масажа, спа центри и слично. Исто така ќе треба да доплаќате за лежалки на плажа.
Дали да резервирате: Да. Многу е поевтино да одберете „All Inclusive“ опција и Турција е една од најдобрите земји доколку сакате се да ви биде организирано од страна на хотелот, а вие само да уживате во одморот.
5. Грција
Храна: Повеќето хотели во Грција сами ги одгледуваат зеленчуците што ги употребуваат. Поради ова посетителите ќе ја пробаат најдобрата традиционална грчка кујна со најсвежи продукти. Бифето не е секогаш достапно и обично нуди 3-4 избори за секој оброк. Гостите на елитните хотели можат да имаат и бесплатна вечера во некој локален ресторан.
Други удобности: Многу хотели имаат жива музика и забавни шоуа во текот на викендите. Исто така хотелите често нудат бесплатен трансфер од и до аеродромот.
Што недостасува: Сите други опции ќе ве чинат пари. Масажа, лежалка на плажа, дополнителниот детски кревет во собата…
Дали да резервирате: Не. Најдобро е да се движите низ државата без да бидете во хотел. Постојат многу нешта што вредат да се видат на улиците и има многу евтини кафетерии со вкусна храна. Хотелот ќе ви биде потребен само за спиење и појадок.
6. Бугарија
Храна: Квалитетот на храната во бугарските хотели е навистина различна и не секогаш најдобра опција. Обично има 3 оброци во текот на денот, бесплатен бар на плажата или кај базенот и бесплатен локален алкохол.
Други удобности: Забава за децата и лежалки ако сте лоцирани на брегот. Понекогаш „ол инклузив“ вклучува и хемиско чистење, електронски сеф и телефонска врска со државата на гостите.
Што недостасува: Бугарскиот „All Inclusive“ пакет обично не нуди ништо дополнително.
Дали да резервирате: Не. Бугарија е држава во којашто туристите можат да се движат слободно надвор од хотелите, за разлика од Египет. Постојат многу улични кафетерии и ресторани со добра и евтина храна.
Погледнете ги и овие 5 начини како да патувате поевтино, а квалитетно