Посетата на Aqua Park треба да биде задолжителна секое лето. Дури и во случај да имате базен во двор, забавата во аква парк е сосема поинакво искуство и не може да се спореди со ниедно друго место.
Можете да се спуштате цел ден по тобогани, да уживате на lazy river, а можете и само да седите во бар и да пиете нешто освежително додека ги гледате децата како цел ден се забавуваат.
И реално, тешко е да ги ангажирате децата во лето бидејќи тие константно бараат нешто ново да прават. Затоа однесете ги во Aqua Park на еднодневна прошетка, и загарантирано е дека ќе спијат на задното седиште уште пред да го напуштите паркингот.
Како предлог за денес, ви го препорачуваме Aqua Park во Пробиштип. Се работи за првиот aqua park кој е отворен во Македонија. Тој се наоѓа на само 1 километар од центарот на градот, и до него се стига лесно по асфалтиран и обележан пат.
Аква паркот се простира на широкиот природен простор во подножјето на Осоговските планини, на површина од 18 000 м2. Широкиот спектар на атракции на вода надополнет со терен за одбојка, забавни содржини за најмладите, ресторани и барови за сечиј вкус, продавница за сувенири и се останато го сочинуваат првиот комплетен модерен тематски Аква парк во нашата земја.
Работно време:
Секој ден од 10:00 часот до 18:00 часот
Цена на билети:
- Билет за Возрасни – 350 ден.
- Билет за Деца – 300 ден.
- Сезонски Билет – 4000 ден.
Пакети:
- Маж + Жена – 650 ден.
- Маж + Жена + Дете(+14) – 850 ден.
- Маж + Жена + Дете(-14) – 800 ден.
- Маж + Жена + 2 Деца(+14) – 1100 ден.
- Маж + Жена + Дете(+14) + Дете(-14) – 1000 ден.
Маж + Жена + 2 Деца(-14) – 950 ден.
Посетете го Царството на водените лудории и подгответе се за незаборавни возења на вода кои ќе Ви го одземат здивот.
За да резервирате карти за Aqua Park – Пробиштип, клик ТУКА
За да најдете сместување во околината на Пробиштип, клик ТУКА