Природата во Националниот Парк Плитвички Езера во Хрватска не умира со доаѓањето на зимата, туку само преминува од една бајковитост во друга. Ова место е толку многу убаво што без разлика кое годишно време е и како тоа влијае на природата, тоа си продолжува да собира воздишки на оние кои се решиле да го посетат.
Паркот се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни убавини. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат. Поради тоа денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава. Цената за влезница не е скапа, а можете да истражувате и да се шетате цел ден.
Доколку некогаш одлучите да ја посетите Хрватска, без разлика дали е лето или зима, одделете еден ден за ова прекрасно место каде што ќе искусите нешто сосема различно и барем накратко ќе се одморите од брзиот градски живот.